Балкан

Беливук бегал во Босна ноќта кога бил уапсен, со чамец требало да ја премине Дрина

Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, водачите на озлоглсената банда ноќта на апсењето на 4 февруари минатата година се подготвувале да избегаат во Босна и Херцеговина!

Инспекторите дошле до информација дека кртот што го имале во СБПОК ноќта пред апсењето ги известил дека ќе бидат уапсени.

– По апсењето на аеродромот во Белград на 29 јануари минатата година, кога беа донесени на распит директно од авионот со кој долетаа од Тиват, станаа повнимателни. Уште тогаш почнале да се подготвуваат за бегство. Неколку дена подоцна, човек од СБПОК, кој имал доверливи информации, ги известил дека се подготвува нивното ново апсење – открива извор на белградски весник.

Според него, брачна двојка од Лозница, поранешниот полицаец Владо Георгиев и неговата сопруга Слаѓана Секулиќ, кои заедно со други членови и водачи на кланот биле на обвинителен акт на Обвинителството за организиран криминал, им помогнале во подготовката на планирање на бегство.

– Планот беше таа вечер преку Сремска Митровица да отидат до Дрина и со чамец да бидат пренесени во Босна и Херцеговина. Но тие беа уапсени по пат и во последен момент, наведува изворот.

Според планот што го имале, Беливук и Миљковиќ ноќта на апсењето требало да одат на Дрина со лице кое добро го познава теренот, односно жена која требало ги одвезе до чамецот.

-Јасно е дека имале пријава и дека знаеле дека се под полициски мерки. Тоа го поткрепува и тоа што неколку членови на групата ден пред апсењето ги смениле телефонските броеви, најверојатно со уверување дека полицијата нема да може да ги следи и да им влезе во трага, додава тој.

 

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

watch subbed anime GoGoAnime Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

GoGoAnime Attack on Titan Final Season (Dub)

watch anime online GoGoAnime Pokémon Journeys: The Series

GoGoAnime So I'm a Spider, So What? Episode 16

Record of Ragnarok