April 21, 2021 00:47
Свет

Белгија: Третина од случаите со Ковид-19 се од британскиот сој

Белгиските здравствени власти информираа утрово дека од целовкупниот број на заразени со Ковид-19 во земјата, над 37 отсто се должат на британскиот сој на вирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Јужноафриканскиот сој е присутен кај 4,6 отсто од заразените, а детектиран е и бразилскиот сој кај неколку лица минатата недела.

Бројот на заразени со британскиот сој е во мал подем, изјави портпаролот на кризниот штаб, Ив Ван Латем, но со помал интензитет од очекуваното.

Освен тоа Белгија продолжува да бележи намалување на индикаторите за Ковид-19, но се забележува мал пораст на новозаразените што би можело да значи почеток на нова нагорна крива, предупредија од кризниот штаб.