September 24, 2021 07:39
Свет

Белгија: Синдикатите алармираат за опасност од социјална катастрофа поради цените

Синдикатите го вклучија алармот денеска, предупредувајќи дека растот на цените во Белгија ќе предизвика социјална и економска катастрофа, јави дописничката на МИА од Брисел.

Конфедерацијата на либералните синдикати, најмалку блиски до левите партии, ја предупреди Владата во Белгија дека граѓаните ќе страдаат од растот на цените на гасот и струјата.

Белгиските граѓани од втората половина на оваа година ќе плаќаат значајно поголеми сметки за гас и струја и покрај економската криза предизвикана од пандемијата. Ова се должи, меѓу другото, на растот на побарувачката за гас во Азија, како и на застарената инфраструктура во Белгија, објаснуваат од Регулаторната комисија во Белгија.

За синдикатите оваа ситуација е неприфатлива.

– Со оглед на силниот раст на цената на гасот која ќе продолжи да расте, говорот на министрите не е во допир со реалноста. Владата најверојатно ќе ги блокира цените, но набавувачите ќе треба да отпуштаат вработени за да останат конкурентни, додека цената на гасот ќе ги стави во сериозна мисла инвеститорите, велат од либералните синдикати и додаваат дека сѐ укажува на тоа дека во земјата се подготвува економска и социјална катастрофа.

Синдикатот бара да се ревидира календарот за напуштање на нуклеарната енергија, точка околу која не постои целосна согласност со другите, полевичарски синдикати. Овие синдикати од своја страна подготвуваат повеќе акции и штрајкови во наредниот период поради последиците од ковид кризата врз граѓаните и вработените.

На 24 септември се очекува масовен протест организиран од синдикатот на работниците, ФГТБ, против законот од 1996 година, кој оневозможува зголемување на платите повеќе од 0,4 отсто во име на заштита на конкурентноста на приватните компании. Синдикатите сметаат дека е неприфатливо овој закон сѐ уште да биде во сила во среде економска криза, додека акционерите на фирмите продолжуваат непречено и неограничено да добиваат дивиденди.

Devil Hunter Yohko (Dub) Episode 6

Website https://wcostream.cc: Watch Baku Tech! Bakugan wcostream Episode 51 anime online

AnimeKisa Watch anime online, English anime online HD

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD

Producthunt: https://www.producthunt.com/@kissanimemx

Myspace: https://myspace.com/animefreakws