December 7, 2021 03:29
Свет

Белгија пред нов корона-бран и покрај високиот процент на вакцинација

Белгиската влада предупреди дека земјата може да биде на чекор пред ново зголемување на случаите од „Ковид-19“ и покрај високата стапка на вакцинација.

Владата неодамна ја олесни задолжителната употреба на маски за лице, но сега повторно го охрабрува населението да ги користи истите за да го спречи зголемувањето на новозаразени случаи од коронавирус.

„Очигледно сме во четвртиот бран. Ќе се соочиме со зголемување на инфекциите и, за жал, со приемите во болница“, изјави белгискиот министер за здравство Франк Ванденбрук.

Владата олесни некои ограничувања овој месец, дозволувајќи, меѓу другото, поголем број настани во затворен простор и укинување на барањето за носење маски во барови.

Белгија, земја со 11 милиони жители, повторно има над 3.000 инфекции дневно, што е зголемување за 50 проценти во споредба со претходната недела.

Тековниот прием во болниците е околу 80 лица дневно, што е зголемување за над 40 проценти.

Постои загриженост дека кривата повторно ќе се зголеми, иако 85% од возрасната популација е вакцинирана.