October 17, 2021 01:34
Свет

Белгија во Кривичниот законик го внесува поимот согласност во делото силување

Белгија од денеска почнува парламентарна дебата за владиниот предлог во Кривичниот законик да се внесе поимот согласност, кога станува збор за силување и сексуално насилство, јавува дописничката на МИА од Брисел.

За првпат во Белгија се менува Кривичниот законик во делот на сексуалното насилство за да се внесе поимот согласност. Засега силувањето е дефинирано само во однос на насилството и насилните односи, но не се осврнува на согласноста на жртвата.

Министерот за правда на Белија, Винсент Ванквикенборн, смета дека е крајно време да се модернизира текстот на законот во однос на силувањето, инцестот, но и проституцијата.

Тој утринава потсети дека Кривичниот законик во оваа област не е сменет од 1867 година, што ги обесхрабрува жените да пријават силување и сексуално насилство.

-Мора да го модернизираме и да ги прилагодиме казните и алтернативните казни, изјави министерот.

За министерот е неприфатливо што според законскиот текст што засега е во сила нема силување доколку нема насилство.

-Од сега ќе мора да има согласност, објаснува Ванквикенборн.

На овој начин доколку жртвата била под дејство на дрога, алкохол или во состојба на шок ќе може несакан сексуален однос да биде дефиниран како силување.

Што се однесува до инцестот, под 18-годишна возраст тој ќе се смета за кривично дело, без или со согласност.

Реформата се однесува и на проституцијата со цел да се зајакне заштита на сексуалните работници.

-Политиката за проституција е лицемерна. Имаме еден вид политика на толеранција, но на терен е произволна толеранцијата, некои обвинителства гонат, некој ништо не прават. Ако има согласност меѓу полнолетни лица проституцијата ќе биде декриминализирана, но истовремено поттикнувањето, рекламирањето, профитирањето ќе бидат кривични дела, објаснува белгискиот министер за правда.

Сексуалните работници ќе добијат и социјален статус, објасни министерот. 

Shakugan no Shana: Friagne & Marianne no Naze Nani Shana! Nandemo Shitsumonbako! (https://gogoanime.be/m/2Nmp) Episode 8

Website https://animeheaven.pro: Watch Gakuen Utopia Manabi Straight! animeheaven Episode 12 animeheaven bleach

Website https://kissanime.mx: Watch Young Kindaichi's Casebook: Deep Blue Massacre kissanime Episode Full kissanime tower of god

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD

Buddybio: https://buddybio.com/animefreakws

Zintro: https://www.zintro.com/profile/zid408d375?ref=Zid408d375