November 27, 2021 04:11
Свет

Белгија: Во градот Лиеж стапката на заразени со Ковид повисока од претходните бранови

Здравствените работници во градот Лиеж, на југот на Белгија, го вклучуваат алармот и стравуваат од нов бран, пострашен од претходните, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во најголемата болница во градот предупредуваат дека иако за сега има доволно слободни кревети на интензивна нега како и во редовните ковид одделенија, бројките покажуваат загрижувачки тренд.

Според докторот Филип Девос, шеф на интензивна нега во болницата во Лиеж, стапката на заразени на 100 илјади жители во градот е повисока одошто беше за време на третиот бран и иста како и за време на првиот бран, еден од најсмртоносните во Европа.

Во последните две недели констатирани се сто контаминации на сто илјади жители, а стапката на вакцинирани во градот е далеку под националниот просек во Белгија.

-Вакцината функционира само за вакцинираните, изјави докторот Девос за јавниот сервис РТБФ.

Тој алармира дека за разлика од северот на земјата каде 95 отсто од лицата над 65 годишна возраст се вакцинирани, во неговиот град оваа бројка изнесува само 87 отсто.

-Доколку останатите 13 отсто, кои немаат никаква заштита од вирусот, пристигнат на интензивна нега, ќе имаме сатурација, вели докторот кој стравува од ново катастрофално сценарио како за време на првите бранови кога немаше вакцина.

Белгија е силно поделена на север и југ, додека жителите на северот се вакцинирани во огромно мнозинство, на југот на земјата и во главниот град Брисел, бројките не се задоволителни. Докторот бара од Институтот за јавно здравје да спроведе детаљна анализа за причините за овие разлики бидејќи ги има податоците.

Тој констатира дека улогата на матичните лекари е клучна и дека оние пациенти општините каде има помалку матични лекари се и општини со пониска стапка на вакцинација. 

Website https://4anime.biz: Watch Crest of the Stars: Birth 4anime Episode Full gleipnir 4anime

Website https://animeheaven.pro: Watch Taiyou no Ko Esteban (2012) (Dub) animeheaven Episode 26-a dubbed anime

Website https://animebee.to: Watch Fate/Kaleid Liner Prisma Illya 2Wei! Shorts animebee Episode 5 dubbed anime

ANIMEFLIX: Animation × Paralympic: Who Is Your Hero? anime episode 12 online free at https://animeflix.nl danganronpa animeflix

Forexfactory: https://www.forexfactory.com/gogoanimelol

Forexfactory: https://www.forexfactory.com/animefreakws