Магазин

Белгиски принц се заразил со Ковид19 на нелегална забава во Шпанија

Внукот на белгискиот крал Филип, принцот Јоаким, се заразил со Ковид-19 откако присуствувал на забава во Кордоба, Шпанија, за која шпанските медиуми објавија дека била организирана спротивно од мерките за заштита.

Принцот е на возраст од 28 години и тој е десетти на списокот за престолонаследници.

Дека се заразил со новиот коронавирус потврдил и портпаролот на кралската палата во Белгија, пренесе „Ројтерс“. Портпаролот рекол дека принцот Јоаким отпатувал во Шпанија, каде е на стажирање, на 24 мај и дека сè уште се наоѓа таму.

Шпанскиот весник „Ел Паис“, објави дека на забавата присуствувале вкупно 27 лица и дека била против рестрикциите кои се на сила во Кордоба – максималниот број за групирање е 15 лица. Сите сега се во карантин.

Шпанската полиција започнала и истрага за настанот, а оние кои биле на забавата можат да се соочат со казни од 600 до 1 000 евра.