August 13, 2022 17:48
Свет

Бела куќа: Бајден ја крена царината на руските стоки на 35 отсто

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги зголеми царините за руската стока на 35 отсто, како дел од суспензијата на статусот на најповластена трговска нација, што ја имаше Русија досега, објави Белата куќа.

Зголемувањето на царинските стапки на 35 отсто се однесува на увозот на „одредени други производи од Руската Федерација, чиј увоз досега не беше забранет”, се наведува во соопштениетона Белата куќа,  пренесено од британските медиуми.

Поради војната во Украина, администрацијата на Бајден претходно забрани увоз на руска нафта и енергија, риба, морски плодови, алкохолни пијалоци и неиндустриски дијаманти.

Сè уште не е објавен анекс со списокот на производи што ќе подлежат на повисока царинска стапка.