November 27, 2021 18:58
Свет

Белата куќа претстави план за вакцинирање на деца од пет до 11 години, додека го чека одобрувањето од ФДА

Белата куќа денеска ги откри своите планови за воведување вакцини за децата на возраст од пет до 11 години, во очекување да добие одобрување од американската Агенција за храна и лекови (ФДА), пишува Си -Ен -Ен.

Администрацијата на Бајден обезбеди доволно количество  вакцина за 28 милиони деца на возраст од пет до 11 години и ќе помогне во опремување на повеќе од 25.000 педијатриски и примарни здравствени установи, стотици здравствени установи во локалните заедници и десетици илјади аптеки за инјектирање на вакцините, наведува Белата куќа.

„Администрацијата на Бајден денеска го објавува планот за да се осигури, доколку вакцината се одобри за деца на возраст од пет до 11 години, дека таа брзо ќе се дистрибуира и ќе биде удобна и подеднакво достапна за семејствата низ целата земја”, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Администрацијата, исто така, почнува да работи со Здружението на детски болници „во ноември и до крајот на календарската година да се постават местата за вакцинација низ целата земја “, додава Белата куќа.

Одделот за здравство и човечки услуги, исто така, ќе спроведе национална кампања за јавно образование „за на родителите и негувателите да им обезбеди точни и културно чувствителни информации за вакцината и ризиците што Ковид-19 ги носи за децата”.

Советниците за вакцини во Агенцијата за храна и лекови следната недела треба да ја разгледаат апликацијата на вакцината „Фајзер” за одобрување за инјектирање врз деца на возраст од пет до 11 години.

Slam Dunk (Dub) Episode 85

Berserk: The Golden Age Arc II - The Battle for Doldrey Episode Full

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

Watch A Whisker Away (Dub) Episode Full

AnimeBee | Watch Anime Online | English Sub & Dub Anime Free