October 22, 2020 08:04
Економија Македонија

Бектеши по повод Светскиот ден на туризмот: Продолжуваме со мерки за поддршката за туристичкиот сектор

Здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата од која најголеми негативни последици претрпе туризмот, ја покажа важната улога која ја има туристичкиот сектор во целокупната економија на државата, но и во животот на граѓаните, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на своето обраќање пред туристичкиот сектор на Конференцијата по повод Светскиот ден на туризмот.

На Конференцијата за туризам со наслов „Извозна стратегија за поголема додадена вредност на туризмот како предизвик на новото време“ претставници од туристичкиото стопанство, универзитетите и надлежните институции дебатираа за тоа како ќе функционира туризмот и угостителството во Северна Македонија во 2020 година, кои се последиците од КОВИД-19, како и за реформите во туризмот како предуслов за одржлив развој и поголема додадена вредност на секторот како извозна стопанска гранка, предизвикана од глобалната пандемија.
„Во последниве години Северна Македонија покажа многу добри резултати во делот на туризмот, проекциите беа дека 2020 ќе го достигнеме врвот во бројот на туристи и остварени ноќевања но исто така и во инвестиции и вработувања во туризмот, но кризата со Пандемијата придонесе да ова година не се постигнат посакуваните резултати, но не здружи уште повеке во изнаоѓање на најдобриот и најефикасниот пат за заедно да ја пребродиме оваа криза со што е можно помалку последици“, кажа министерот и потенцираше дека токму во овој момент е важно да се донесат правилни одлуки.

„Во светски рамки се зборува за поддршка на туризмот или рестарт на туристичката индустрија. Во светски рамки бројот на меѓународните туристи падна за 93% во јуни, во споредба со 2019 година, а според новото издание на Светскиот барометар за туризам пристигнувањата на меѓународните туристи се намалиле за 65% во текот на првата половина од годината. Ова претставува невидено намалување, бидејќи земјите ширум светот ги затворија своите граници и воведоа ограничувања за патувања како одговор на пандемијата. Последиците ги почустувавме и ние, токму тргнувајки од овие показатели како Влада меѓу првите мерки кои се донесоа, приоритет имаше туристичката индустрија заедно со секторот угостителство и транспорт“ кажа Бектеши.

Министерот потенцираше дека во моментот се наоѓаме во ситуација да продолжиме понатаму затоа е многу важно сите чекори кои ќе бидат превземани да бидат во кординација со бизнис заедница, имајки предвид дека тие најдобро ги знаат последиците од Пандемијата и можат да ни помогнат во креирање на мерки кои ке бидат издржани и квалитетни а со цел справување со оваа криза.
„Успехот на оваа индустија придонесува за успех и на македонската економија во целост.

Министерството за економија, во чест на овој ден, продолжува со веќе востановената традиција да ги собере на едно место сите чинители, оваа година моментот за доделување на признанија го прескокнавме, но ја користиме оваа прилика да на сите чинители им покажуваме дека во овие тешки моменти сме заедно, затоа што само така можеме да ја поминеме оваа криза. Денеска сме тука да го одбележиме овој настан, кој се одржува под глобалното мото „ Рурален туризам “ и да ги одбележиме сите оние бројни мали можности, кои го прават туризмот една од приоритетните гранки во државата“ кажа Бектеши