June 14, 2021 08:57
Македонија

Бектеши не ја исклучува можноста да биде продолжен рокот за неискористените аранжмани за патување

Министерот за економија Крешник Бектеши не ја исклучува можноста доколку е потребно да биде продолжен рокот за неискористените аранжмани што граѓаните ги платиле, а не можеле да ги искористат поради пандемијата.

Во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата, Бектеши рече дека 90 проценти од овие аранжмани биле за Грција.

– Со уредба со законска сила минатата година направивме измена во Законот за туристичка дејност со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните кои веќе платија аранжмани, а не можеа да ги искористат поради рестриктивните мерки. Речиси 90 проценти од овие аранжмани, кои се пријавени во Министерството за економија, се за патување во Грција. Во случај и оваа година да не можат да бидат искористени, секако дека ќе направиме измени и ќе го продолжиме рокот, рече Бектеши, додавајќи дека секојдневно се следи ситуацијата.

AnimeHeaven anime heaven website: The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 25

AniWatch dubbed anime: Dr. Stone: Stone Wars Episode 11