August 11, 2020 00:39
Магазин

Беквалац добила понуда од 100.000 евра од белградски бизнисмен

Откако се разведе по трет пат, Наташа Беквалац тврди дека нема дечко, но очигледно не и недостасуваат понуди.

Мажите и се додворуваат скоро секој ден, а одреден маж дури и понудил 100.000 евра само за да помине една ноќ со неа, пишува српски „Курир“. Тој не бара ништо од Наташа, туку само да и обрне внимание сè додека не се запознаат подобро, по што можеби меѓу нив може да се роди љубов.

– Ќе ти дадам 100.000 евра за една ноќ со тебе. Не мора да ме сакаш, не мора да бидеш со мене, туку дај ми шанса. Осмели се. Пробај ме. Имам автомобил. Стан. Куќа. Имам две деца. Ова е лажен профил, но не е ни важно – напишал тој во пораката, пренесува горенаведениот медиум, а потоа тој започнал поинтензивно да и се додворува.

Како што се посочува, станува збор за белградски бизнисмен кој последниве години живее на релација Србија – Франција – Швајцарија и продава луксузни автомобили. Тој веќе некое време бил заљубен во Наташа и кога и да можел, одел на нејзините настапи. Тој ја испратил оваа порака до пријателите затоа што не верувале дека собрал храброст да и се додворува на пејачката, иако тоа го сторил од лажен профил на Инстаграм.