February 25, 2021 17:52
Спорт

Бекам: Невил ја заслужи тренерската работа во Интер

Сопственикот на американскиот фудбалски прволигаш Интер, Дејвид Бекам, истакна дека новоназначениот тренер Фил Невил е ангажиран врз основа на своите заслуги, а не поради нивното меѓусебно пријателство што датира од заедничкото време минато во редовите на премиерлигашот Манчестер јунајтед и англиската репрезентација.

-Секако, луѓето секогаш ќе ги испревртат работите и ќе речат дека тоа е затоа што тој е мој пријател. Но тоа нема никаква врска. Нашата група сопственици не вработува на пријателска основа. Ние ги вработуваме најдобрите луѓе на теренот, и надвор од него. Ние овде водиме сериозен фудбалски клуб. Ние ангажираме луѓе за кои мислиме дека се соодтвени за работата”, изјави Бекам.

Тој играше заедно со Фил Невил во Манчестер јунајтед од 1994 до 2003 година, а беа соиграчи и во англиската репрезентација од 1996 до 2007 година. Обајцата се сопственици на англискиот четвртолигаш Салфорд.

Невил доаѓа на тренерското место во Интер Мајами, откако претходно овој месец поднесе оставка на селекторската должност во англиската женска репрезентација.

Fate/stay night: Heaven's Feel - III. Spring Song (https://gogoanime.be/m/Amn1) Episode Full - Cam at GoGoAnime boku no hero academia season 4 gogoanime

Watch Naruto: Shippuden Episode 499 at website https://animefreak.ws animefreak site