October 28, 2020 18:37
Скопје

Без струја ќе останат делови на Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош

Од ЕВН Македонија известуваат дека на без електрична енергија ќе останат делови на Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош.

Од 8:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците Петар Ацев, Анастас Митрев, Иван Горан Ковачиќ и улиците што се во нивна непосредна близина ( општина Аеродром), од 9:00 до 13:30 часот, корисниците од ул. Алекса Демниевски ул.23 и околните улички (општина Ѓорче Петров) и од 9:00 до 12:00 часот, потрошувачите од ул. 59 с. Волково (општина Ѓорче Петров).

Од 9:00 до 12:30 часот струја ќе немаат и корисниците од дел од ул. Козле кај Макпетрол кај бр.93 (општина Карпош), од 11:00 до 15:30 часот, корисниците од булевар Видое Смилевски Бато, делот позади Боксер (општина Аеродром) и од 12:00 до 14:30 часот, корисниците од дел од потрошувачите во с.Бардовци кај зградите на Машинац (општина Карпош).