December 2, 2022 10:08
Скопје

Без струја утре делови од Кисела Вода, Карпош и Сопиште

Без електрична енергија утре од 8 до 13:30 часот ќе бидат жителите од улицата „Христо Татарчев бр.25″ во општина Кисела Вода, соопшти Центарот за управување кризи од Скопје.

Од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе останат и корисниците од Средно Водно, врв Водно (општина Центар), Горно Нерези (општина Карпош) и селото Крушопек (општина Сарај), а во периодот од 9 до 14 часот, корисниците од улицата бр.13 во Сопиште.