December 6, 2022 01:44
Скопје

Без струја утре делови од Карпош, Кисела Вода и Сарај

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците во делови од општините Карпош, Кисела Вода и Сарај. Како што соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, без електрична енергија од 9.45 до 14 часот ќе бидат објектот на Асиба, Архивот и околните објекти, а од 9.35 до 13.30 часот дел од објектите во Градскиот парк во општина Карпош.

Од 8.30 до 11.30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улицата „Франц Харкорт Манинг“, дел од улицата „14-ти Декември“, ОУ „Круме Кепески“, дел од улицата „Георги Димитров“ (кај Тенекс), а од 9.30 до 11.30 часот корисниците од улиците „Герника“ 6, „Герника“ 8 и „Герника“ 10 во општина Кисела Вода.

Без струја од 10 до 14 часот ќе бидат корисниците на дел од село Ласкарци во Општина Сарај.