January 19, 2021 06:57
Скопје

Без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека за денеска се планирани следните технички зафати во електросистемот на градот Скопје:

Во периодот од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул. Франце Прешерн (општина Карпош);
Во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од с. Маркова Сушица (местото наречено Вршник) (општина Студеничани);
Во периодот од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Танушевци, Малино и Брест (општина Чучер-Сандево);
Во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Кара Трифун, ул. Пандо Кљашев, ул. Малина Попиванова, дел од ул. Караџица, дел од ул. Милан Мијалковиќ, ул. Пржино (општина Чаир).