December 9, 2022 13:59
Скопје

Без струја дел од корисниците во Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Кисела Вода и Гази Баба.

Во периодот од 08.30 до 11.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Вич” бр.24., во Општина Карпош.

Во периодот од 08.30 до 12.00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од бул. „Борис Трајковски” – крак 10 лоцирани во горниот дел спроти објектите на Соло Пром Кисела Вода и Модул Пласт, како и дел од корисниците од ул. „Христо Татарчев” – крак 1 лоцирани спроти објектите на Модул Пласт и Талија Дирекција, во Општина Кисела Вода.

Во периодот од 09.00 до 12.30 часот, струја ќе немаат корисниците од ул. „Козле” – подулици бр.3 и бр.5, во Општина Карпош.

Во Општина Гази Баба во периодот од 09.00 до 13.00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците од ул. „Палмиро Тољати” лоцирани во околината на бр.172 б.