December 3, 2022 10:05
Скопје

Без струја делови од Аеродром, Кисела Вода и Карпош

 ЕВН Македонија известува дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без струја ќе бидат неколку улици во општините Аеродром, Кисела Вода и Карпош.

Од 08:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Тодор Чангов”, подулиците број  22 и 24, во општина Аеродром.

Од 08:00 до 15:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците „Ениџе Вардарско”, „Чедомир Кантарџиев” и „Серска” во  општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 13:00 часот струја ќе немаат и корисниците од улица „Веселин Маслеша” бр. 3, влез 1 и 2 во општина Карпош.