March 22, 2019 01:50
Скопје

Без струја делови на Центар, Чаир, Чучер Сандево и Студеничани

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Центар, Чаир, Чучер Сандево и Студеничани.

Во периодот од 12 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од зградата од блок 12 на улицата Васил Главинов во општина Центар.
Во периодот од 10 до 15 часот корисниците од улицата Црвена Вода во општина Центар.
Во периодот од 8.30 до 11.30 часот корисниците од зграда од блок 20 на улицата Васил Главинов бр. 3 во општина Центар.
Во периодот од 9.30 до 13.30 часот корисниците од бр. 8 и бр. 10 на улицата Самоилова, поранешната фирма „Рубин кармин“ и Фондацијата „Центар за исламска цивилизација“ во општина Чаир.
Во периодот од 9 до 14.30 часот корисниците од дел од с. Мирковци во општина Чучер-Сандево.
Во периодот од 9 до 15 часот корисниците од дел од с. Батинци во општина Студеничани.

Нови вести

Градот Скопје ќе наградува компании, домаќинства и институции за придонес во животната средина

Filip

ЈДГ „Весели Цветови“ одбележа 74 години постоење

Igor

Подводно чистење на езерото Матка

Igor