October 25, 2020 05:58
Култура

„Без наслов” колективна изложба во тетовскиот Центар за култура

Колективна изложба на слики и графики именувана „Без наслов” беше отворена вечерва во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок” во Тетово. Изложени се 21 дело од ист број на уметници пред се од тетовскиот крај.

– Изложбата што ја организираме има за цел да навлезе во креативниот дух на сликарите кои преку фигуративни елементи транспонирано од внатрешниот мир или креативниот моментум на експлодира на површината со целата палета на бои и фигури што го идентификуваат креативниот дух на авторот. Треба да се забележи разновидноста на индивидуалноста на сликарите бидејќи никој од нив нема ист јазик на фигуртивно изразување, посочија организаторите од Центарот за култура „Иљо Антески-Смок на отворањето на изложбата.

Кустос и графички дизајнер на изложбата е Јасмина Крстоска.

Авторите користеле различни техники-акварел, акрил, масло на платно како и комбинации на техниките.