October 27, 2020 19:09
Свет

Без направилности на избирачките места на локалните избори во Русија

Руската Централна изборна комисија досега не регистрирала сериозни прекршувања на правилата за гласање на денешните избори на локално и регионално ниво во земјата, изјави за Тасс заменик претседателот на ЦИК, Николај Булајев.

-Досега нема регистрирано прекршувања на правилата за гласање и таму каде што се регистрирани сериозни повреди, доколку ги има, резултатите од гласањето и предвременото гласање на избирачките места ќе бидат поништени. Ова е вообичаена пракса, рече Булајев.

ЦИК на 24 јули ја одобри постапката за одржување на единствен ден за гласање, според кој клучниот ден на гласањето е 13 септември, а предвремените избирачки места се закажани и за 11 и 12 септември.

Руските граѓани денеска гласаат за гувернери и парламенти во десетици региони и градови.

Во Русија денеска се одржуваат повеќе од 9000 локални и регионални избори. Исходот може да има влијание и врз политиката на Кремљ, каде посебно ќе се следи трката за 18 гувернерски места во регионите, пишува Дојче веле.

Во уште 11 региони и 22 градови се избираат локални парламенти и на други места се избираат одделни членови на Државната дума.