December 3, 2020 14:59
Спорт

Без голови во Верона, Пандев одигра 80 минути

Верона и Џенова одиграа реми без голови во последниот натпревар од четвртото коло во Серија А.

Горан Пандев беше стартер на натпреварот во Верона и во игра се задржа до 80. минута кога беше изваден од игра.

Џенова имаше многу проблеми во пресрет на оваа средба, откако и натаму има голем број играчи кои се или беа заразени со коронавирусот, па не беа во конкуренција за ова гостување.

Натпреварот беше мирен, без многу шанси за погодок, домаќините имаа повеќе од играта иако Џенова не беше во подредена ситуацијата.

Ова беше трет меч за Џенова оваа сезона, прв по нивната пауза поради многуте позитивни случаи на ковид-19, поради што беше и одложен нивниот меч против Торино во минатото коло.

Џенова има освоено четири бода од три меча и се наоѓа на 11. место, Верона е седма со седум бода од четири дуели.