December 6, 2022 21:08
Скопје

Без вода Aдвокатската улица, Батинци и Љубош

Поради скината цевка ф-1 од странка / фирма на ул. 1737 /бб (Адвокатска улица), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.

ЈП Водовод и канализација –  Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:45 часот до завршување со санација на дефектот. 

Oд Водовод информираат и дека селата Батинци и Љубош попладнево од 12:45 часот се без вода поради дефект на уличната водоводна мрежа.

Прекинот во водоснабдувањето ќе таре до санирањето на дефектот.