October 6, 2022 12:45
Скопје

Без вода утре ТЦ „Буњаковец”

Поради дефект на приклучна цевка 6/4″ на улица „Стефан Јакимов – Дедов” број 4, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и дел од улицата „Владимир Полежиновски”, како и ТЦ „Буњаковец”.

Како што информираат од РЦУК Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување со санација на дефектот.