November 29, 2022 06:42
Скопје

Без вода утре Московска и дел од Партизанска

Прекинато водоснабдување утре од 8.30 часот ќе имаат корисниците од ул. „Московска” и дел од бул. „Партизански одреди”, на потегот од бр.130 до крстосницата со ул. „Московска”.

Центарот за управување со кризи извести дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради промена на затворачи ф-300 мм и ф-150 мм на крстосницата на бул. „Партизански одреди” со ул.„Московска”.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.