December 9, 2022 14:17
Скопје

Без вода утре дел од Кисела Вода и Карпош

Без вода утре од 9 часот ќе бидат жителите на улицата „Востаничка” во населбата Пржино поради изведување на водоводен приклучок, информира Центарот за управување со кризи Скопје.

Од 9 часот вода ќе немаат и корисниците на улицата „Дамаска” и дел од корисниците на улицата „Прашка” во општина Карпош поради дислокација на шахта.