December 1, 2022 17:29
Скопје

Без вода утре дел од булеварот Кузман Јосифовски Питу

Прекинато водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците на дел од булеварот „Кузман Јосифовски Питу” (пред Народната банка), односно потегот од Народната банка до Железничка станица – Скопје, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочуваат од претпријатието, е дефект на ПП Хидрант ф-80 мм на бул. „Кузман Јосифовски Питу” (пред Народната банка), и ќе трае до завршување санација на дефектот.