December 4, 2022 19:25
Скопје

Без вода улиците „Митрополит Теодосије Гологанов”, „Аминта Трети” и „Костурски Херои”

Поради дефект на водоводна мрежа на ул.„Митрополит Теодосије Гологанов” пред Амбасадата на Бугарија, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Митрополит Теодосије Гологанов”, „Аминта Трети” и „Костурски Херои”.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:20 часот до завршување на дефектот.