Поради оштетена цевка на улица „Козара” број 15 во Скопје, прекинато е водоснабдувањето за дел од корисниците на истата улица, вклучително и на градинката „Кочо Рацин”.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје водоснабдувањето е прекинато од 14:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.