December 6, 2022 21:21
Скопје

Без вода корисниците од улиците од Зелен пазар до Народна банка

Прекин во водоснабдувањето утре во периодот од 08.30 часот до отстранување на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Кочо Рацин” лоцирани на потегот од Зелен Пазар до Народна банка, корисниците од улиците „Стив Наумов”, „Тетовска” и „Пролет”, како и објектите на полициската станица Пролет и амбулантата на МВР во општина Центар, соопшти ЈП „Водовод и канализација”.

Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што информираат од претпријатието, е дефект на затварач од ф – 500 мм на кеј „13 Ноември” бб во близина на Железниот Мост.