December 9, 2022 13:00
Скопје

Без вода дел од улицата „Владимир Назор”

Поради уличен дефект ф-80мм на ул. „Владимир Назор” 5, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.

Како што информираат од РЦУК Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:15 часот до завршување со санација на дефектот.