September 26, 2022 02:19
Скопје

Без вода дел од жителите на Припор

ЈП Водовод и канализација-Скопје известува дека денеска, од 09:30 часот, без вода ќе бидат корисниците на улица „Христо Татарчев” (втора зона Припор).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради интервенција на дефект на приклучна цевка ф1 на улица „Христо Татарчев” 95.

Корисниците без вода ќе бидат од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.