December 3, 2022 10:33
Скопје

Без вода делови од Кисела Вода и Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на ул. Востаничка бр.88 во населба Пржино, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Востаничка (општина Кисела Вода),

-поради дислокација на шахта на ул. Дамаска бр.11, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Дамаска, како и дел од корисниците од ул. Прашка (општина Карпош).