February 3, 2023 10:15
Магазин

Безвременски стил: Кетрин Зета-Џонс во заносен фустан

Кетрин Зета-Џонс ги привлече сите погледи на себе на настан во Лос Анџелес во понеделникот, каде се појави со синот Дилан Мајкл Даглас.

Двајцата присуствуваа на премиерата на National Treasure: Edge of History.

Нејзиниот впечатлив изглед наиде на позитивни реакции во таблоидите. Во некои од нив се појавија наслови: „Добре дојдe во Холивуд, синe!“ со коментар Кетрин Зета-Џонс го носи 22-годишниот син Дилан Мајкл Даглас како партнер на свечен настан по неговото дипломирање на колеџ.

Актерката го разигра своето деколте во раскошен виолетов фустан со светки, креација на Ели Саб, и докажа дека добро одбрана боја  и дискретен сексапил се секогаш добитна комбинација.

Атрактивната Кетрин (53) е горда мајка додека позира за фотографите со своjот син (22) облечен во кафеав триделен костум.

Таа глуми во новиот филм на „Дизни плус“, кој пристигнува на стримерот на 14 декември.