December 5, 2021 12:15
Скопје

Бегањето од дебати на Данела потсетува на едно мрачно и тешко време за медиумите и демократијата во државата

Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, не се појави на синоќешната закажана ТВ дебата на Канал 5, во која требаше да се соочи со перотивкандидатот и актуелен градоначслник на Скопје од редовите на СДСМ, Петре Шилегов. Со тоа, таа ја продолжи старата практика на ВМРО ДПМНЕ, односно, кога немаш решенија, аргументи или проекти, кога пораките се само евтин популизам, не се оди пред оние кои треба да те изберат. Сите добро знаеме како тоа се завршуваше во поновата историја и на Скопје и на Македонија – со измама на гласачите и назадување на градот. Избегнувајќи ја дебатата, г-ѓа Арсовска, уште еднаш покажа дека не ѝ се важни гласачите бидејќи не сака аргументирано да објасни што всушност им нуди на граѓаните и на Скопје. Таа покажа и дека се плаши од отворен, директен дуел со Петре Шилегов, бидејќи е свесна дека празни ветувања во дискусија „еден на еден“ не можат да поминат, се вели во реакцијата од градската организација на СДСМ и додават:

-Нејзиниот страв потекнува од нејзините сопствени сограѓани за кои нема решение за основните комунални и социјални прашања, а во дебата ова би било повеќе од очигледно. Но, граѓаните имаат право да знаат кој и како ќе управува со градот, кој има или нема реални и остварливи проекти, па затоа Петре Шилегов ја поканува г-ѓа Арсовска на дебата за медиумите, на место коешто таа сама ќе го одреди.

На Скопје му требаат одговорни и транспарентни политичари, политичари кои ги застапуваат вистинските интереси на скопјанките, скопјаните и Скопје, политичари кои ги почитуваат своите граѓани и пред кои се отчетни за своето водство. Тоа е минимумот кој кандидатите за градоначалници им го должат на нашите граѓани. Данела Арсовска свесно го игнорира тој факт, кој е етичка обврска кон скопјани. Свесно го игнорира, што е недозволиво.