January 25, 2022 05:04
Македонија

Бебето што почина од ковид-19 било доенче од шест месеци со вродена аномалија на черепот

Бебето што почина од ковид-19 било доенче од шест месеци со вродена аномалија на черепот, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска во извештајот доставен до МЗ, пријави починато дете на шест месечна возраст, кое во регистарот Мој Термин е заведено дека починало на трети јануари годинава.

Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање на ковид позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија. Со цел постоперативно третирање детето е хоспитализирано на Клиника за детска хирургија.

По континуиран период на лоша општа состојба (со настаната респираторна и хепатална инсуфициенција и тестови со наод во прилог на дисеминиранта интраваскуларна коагулопатија) во текот на престојот на Клиниката, на трети јануари доаѓа до дополнително влошување на општата состојба. Лекарите на Клиниката ги превземаа сите мерки за интензивно лекување и реанимација, но и покрај тоа за жал малиот пациент заврши летално, се вели во извештајот на МЗ.

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime One Piece (Dub)

anime websites Banished from the Hero’s Party, I Decided to Live a Quiet Life in the Countryside

gogoanimehub GoGoAnime Dragon Ball Z (Dub)

free anime online GoGoAnime Dragon Ball Z (Dub)

online anime That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub)