August 12, 2020 06:05
Свет

БДП на Германија падна за 10,1 проценти во вториот квартал

Германската економија во вториот квартал од оваа година падна за 10,1 процент на квартално ниво, покажуваат денешните прелиминарни податоци од Бирото за статистика, Дестатис.

Тоа е последица на остриот пад на потрошувачката на домаќинствата, падот на деловните инвестиции и извозот поради вонредните мерки за затворање, воведени за да се спречи ширењето на пандемијата на Ковид-19.

– Ова е најостар пад откако почнаа кварталните пресметки на БДП во Германија во 1970 година, соопшти Дестатис.

Во кварталот април-јуни, БДП на најголемата економија во Европа на годишно ниво падна за 11,7 проценти, покажуваат сезонски адаптираните податоци од Федералното биро за статистика.

Аналитичарите предвидуваат дека германската економија во второто тромесечиe ќе потоне за 9,0 проценти на квартална основа и за 11,3 проценти во однос на истиот период минатата година, на сезонски прилагодена основа.