December 2, 2022 09:34
Спорт

Бањаја излета, Милер ја освои Јапонија

Трката за Големата награда на Јапонија заврши со славје на Џек Милер. Австралиецот кој вози за Дукати тргна од седмото место, меѓутоа успеа да се пробие низ конкуренцијата и да победи. 

Милер уште на стартот успеа да избие напред, а потоа направи одлична предност пред ривалите. На второто место се пласираше Бред Биндер, додека на подиумот заврши и Хорхе Мартин.

Пол-позицијата не ја искористи Марк Маркез, бидејќи на крајот заврши на четвртото место. 

Лидерот во генералниот пласман, Фабио Квартараро, го освои осмото место, а неговиот најголем ривал за титулата, Пеко Бањаја, падна буквално во последниот круг од трката. Со тоа му дозволи на ривалот од Франција да ја зголеми предноста на челната позиција. 

До крајот на сезоната има уште четири трки, следната седмица продолжуваат возбудувањата во Тајланд.