January 28, 2022 07:30
Спорт

Бајиќ: Ја загубивме енергијата во вториот дел

Селекторот Драган Бајиќ констатираше дека македонските кошаркари одиграле две дијаметрално спротивни полувремиња во вчерашниот гостински пораз од Украина со 61:78 (34:30) во рамки на вториот натпревар во мундијалските квалификации.

– Честитки за Украина за победата. Морам да ги пофалам момците за првото полувреме кога е во прашање. Имавме краток период на подготовка за овој меч. Ги испочитувавме работите за кои се договоривме во поголемиот дел од мечот. Влеговме во дуелот со еден спор ритам. Не дозволивме Украина да се разигра, менувавме одбрана, имавме контрола на играта, го држевме и скокот под контрола, немавме грешки. Но во вториот дел снимавме енергија. Можеби напорниот пат си го направи своето, изјави македонскиот селектор на прес – конференцијата по натпреварот.

Така,посочи, ја загубивме концентрацијата и се распадна сè што градевме претходно. Фокусот и концентрацијата на крајот одлучија за конечниот резултат.

– Шпанија и Украина беа доста тешки натпревари за нас. Мора да одиме понатаму, има уште натпревари да се играат и во февруари се надевам дека ќе бидеме комплетни. Ни недостасуваат пет играчи, тоа е многу и ни прави проблем во подготовката на натпреварите, додаде Бајиќ.

Во вториот натпревар во рамки на групата Г, Шпанија синоќа ја совлада Грузија на домашен терен со 89:61 и води на табелата со максимални две победи. Украина и Грузија се на второто и третото место со по една победа и еден пораз, додека македонските кошаркари се последнопласирани со два порази.

Квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 продолжуваат во февруари, кога македонската репрезентација ја очекуваат два дуели против Грузија.

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX Tokyo Ghoul Episode 7

animeflix website ANIMEFLIX Your Lie in April

watch anime free ANIMEFLIX Attack on Titan Season 3 (Dub)

free anime So I'm a Spider, So What?

ANIMEFLIX Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai