August 14, 2022 07:44
Свет

Бајден ќе разговара со западните сојузници по видео средбата со Путин

Американскиот претседател Џо Бајден ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, италијанскиот премиер Марио Драги и британскиот премиер Борис Џонсон, за исходот од денешниот руско-американски видео-самит, соопшти Белата куќа.

Лидерите на Велика Британија, Италија, САД, Франција и Германија изразија загриженост на вчерашниот состанок поради „сè поострата руска реторика” во врска со Украина, ја повикаа Русија да ги деескалира тензиите и се согласија дека дипломатијата, особено во рамки на „Нормандискиот формат”, е единствен начин за решавање на конфликтот во Донбас со спроведување на договорот од Минск.

– На вчерашната средба, лидерите се согласија да останат во близок контакт во однос на координиран и сеопфатен пристап како одговор на зајакнувањето на руските трупи на границите на Украина, се вели во соопштението.

Американскиот и рускиот претседател Џо Бајден и Владимир Путин денеска одржаа видео конференциска средба која траеше повеќе од два часа, на која разговараа за Украина и за други спорови во американско-руските односи.