June 25, 2022 09:33
Свет

Бајден ќе им оддаде почит на жртвите од пукањето во Бафало

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ќе ги повика Американците „да не даваат прибежиште на омразата”, а Конгресот да усвои мерки за контрола на оружјето. Тој и првата дама Џил Бајден, денеска во Бафало, сојузна држава Њујорк, ќе оддадат почит на жртвите од саботниот масакр. 

Тие ќе го посетат местото на трагедијата и ќе испратат сочувство до роднините на жртвите од масовното пукање, а исто така ќе се сретнат со претставници од безбедносните и службите за брза реакција, и локалните лидери. 

-Претседателот ќе го нарече тој одвратен чин тоа што е – тероризам заснован на омраза и изопачена идеологија што ја раскинува душата на нашата земја, изјави денеска службено лице од Белата куќа. 

Бајден ќе побара од Конгресот „донесување мерки за отстранување на оружјето од нашите улици и да не се допушти негово паѓање во рацете на криминалци и луѓе заболени од сериозни психички болести што ги прави опасни за себе и за другите”. 

Она што се знае е дека 18 годишниот Пејтон Хендрон, белец, во саботата во супермаркет, лоциран во дел од градот каде претежно живеат Афроамериканци, уби десет луѓе и рани уште тројца. Од тринаесетмината, единаесет се црномурести.

rút tiền go88 go88 pc đăng nhập go88 trên web

đánh bài online sunwin sunwin 247. club miễn phí tải game sunwin