January 24, 2022 20:09
Свет

Бајден ја обвини Русија дека се обидува да влијае на изборите 2022 во САД

Американскиот претседател Џо Бајден во говор пред разузнавачките служби, ја обвини Русија за ширење „дезинформации” со цел да влијае на изборите што ќе се одржат во САД во 2022 година,

– Погледнете што Русија веќе прави со изборите и дезинформациите во 2022 година. Тоа е очигледно кршење на нашиот суверенитет, рече тој при посетата на Националната разузнавачка канцеларија во близина на Вашингтон, повикувајќи се на разузнавачките информациите што ги добива секојдневно за оваа тема.

Американскиот претседател го нападна и својот руски колега Владимир Путин. – Рускиот претседател „има голем проблем, тој води економија која има нуклеарно оружје, нафтени ресурси и ништо повеќе”, рече Бајден, додавајќи: „Мислам дека затоа е уште поопасен”.

Американскиот претседател изрази загриженост и за зголемениот број на компјутерски напади со употреба на „рансомвер”, компјутерска програма што блокира пристап на корисник до компјутер и бара да плати откуп, обично во биткоини, во замена за клуч за враќање на пристапот до податоци. „Ако се најдеме во војна, во вистинска вооружена војна со некоја суперсила, тоа ќе биде поради хакерски напад”, истакна тој.

Во есен 2022 година во САД треба да се одржат таканаречените избори на средина од мандатот, на кои ќе се обноват места во Претставничкиот дом и третина од местата во Сенатот.

anime sites. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Naruto (Dub) Episode 217

online anime That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

AnimeFreak Bleach

anime website AnimeFreak Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

anime sites How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom