June 21, 2021 16:55
Свет

Бајден телефонски разговарал со Абас и Нетанјаху за конфликот меѓу Израел и Палестина

Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговарал по телефон со палестинскиот претседател Махмуд Абас за последните конфликти меѓу Израел и Палестинците.

„Претседателот Абас доби важен телефонски повик од американскиот претседател Џо Бајден“, рече портпаролот на Абас.

Тоа е првиот разговор меѓу двајцата лидери откако Бајден ја презеде функцијата во јануари.

Деталите за разговорите со Абас не се познати, а Бајден претходно разговараше и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по бомбардирањето на Газа, во кое беше урната зградата што ја користеа одредени медиуми. Џо Бајден рече дека е загрижен за цивилните жртви.

Израелскиот премиер му порача на Бајден дека Израел „прави сè за да избегне повреда на луѓе кои не се вклучени во борбата со Хамас и другите групи во појасот Газа“, соопшти неговиот кабинет.

Во соопштението се вели дека доказ за тоа е фактот дека „луѓето кои не биле вклучени во конфликтот“ биле евакуирани од зградата во Газа, во која се наоѓале канцелариите на повеќе светски медиуми, пред израелските сили да ја демолираат, пренесува Ројтерс.

AniWatch animes online: Jujutsu Kaisen (TV) (https://aniwatch.pro/m/vOrV) Episode 24

WCOStream close enough wcostream: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 17