April 21, 2021 00:24
Свет

Бајден: САД никогаш нема да ја признаат анексијата на Крим

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека САД „никогаш” нема да ја прифатат руска анексија на дел од Украина пред седум години.

– САД не ја признаваат и никогаш нема да ја признаат анексијата на полуостровот и ние ќе застанеме заедно со Украина против агресивните активности на Русија, рече Бајден во изјавата по повод годишнината од руската инвазија на Крим.