October 25, 2020 00:43
Свет

Бајден: Никогаш не сум видел толку неодговорна администрација

Кандидатот на Демократската партија на претседателските избори, Џо Бајден, повторно го критикува претседателот на САД, Доналд Трамп, поради начинот на кој се справува со здравствената криза.

Бајден и порача на американската администрација дека е неодговорна.

Говорејќи за признанието на Трамп дека, иако бил свесен за сериозноста, јавно го намалил влијанието на вирусот, Бајден оцени дека тоа е речиси криминален одговор на администрацијата.

Пандемијата не беше само главна тема на вечерта, туку беше и причина за невообичаен формат на настани недалеку од родниот град на Бајден, Скрентон во Пенсилванија.

Публиката настанот го следеше од автомобили паркирани на пропишаната далечина.

„Никогаш, никогаш не сум помислил дека ќе видам таква неодговорна администрација“, им порача Бајден на собраните, одговарајќи на прашања.

Настанот беше можност за Бајден да одговори на прашањата на гласачите во живо за прв пат откако е номиниран за претседателските избори.