August 15, 2022 21:01
Свет

Бајден во Токио ќе ја засилува Индо-пацифичката соработка

Американскиот претседател Џо Бајден денеска заминува за Јапонија каде од планира да го лансира  планот за поголема економска соработка и ангажман на САД во Индо-пацифичкиот регион.

Бајден е соочен со критики, дури и пред најавената програма да биде претставена, дека на земјите од регионот ќе им понуди скромни погодности.

Британските медиуми пренесуваат дека за време на вториот дел од неговата азиска турнеја Бајден ќе се сретне со лидерите на Јапонија, Индија и Австралија, политичките лидери на групата Квад, која се смета за камен темелник на неговата стратегија за спротивставување на растечкото кинеско влијание.

Бајден утре во Токио ќе има разговор со јапонскиот император Нарухито, а потоа и средбата со премиерот на Јапонија Фуми Кишида.

Бајден и Кишида се очекува да разговараат за плановите на Јапонија да ги прошири своите воени капацитети и маневрирање како одговор на растечката моќ на Кина.

Во Токио утре ќе биде формализирана и долго очекуваната Индо пацифичка економска рамка (ИПЕФ) на Бајден, програма која има за цел зближување на земјите од регионот преку примената на заеднички стандарди  во повеќе области, вклучувајќи ја отпорноста на синџирите за снабдување , чистата енергија, инфраструктурата, дигиталната технологија и трговијата.

sunwin

game bài sunwin sunwin club sunwin.apk mới nhất

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin