February 28, 2020 10:49
Свет

Башеле: Во Сирија страдаат цивили и покрај примирјето

Комесарката на ОН за човекови права, Мишел Башеле денеска повика на итен прекин на непријателството во Идлиб, истакнувајќи дека најновото примирје во Сирија „повторно не успеа да ги заштити цивилите”.

– Ужасно е што цивилите се уште секојдневно страдаат во ракетни напади од воздух и од земја, рече Башеле по повод прекинот на огнот што требаше да биде применет пред речиси една недела.

Околу 350.000 Сиријци, претежно жени и деца, избегаа од офанзивата во провинцијата Идлиб од почетокот на декември и побараа прибежиште во пограничните области со Турција, соопштија Обединетите нации.