October 15, 2019 21:10
Балкан

Баша со ултиматум до Рама: Поднеси оставка најдоцна до 15 февруари

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, вечерва му порача на премиерот на Албанија Еди Рама дека има рок да си замине од функцијата најдоцна до 15 февруари, бидејќи потоа „ќе зборува народот”.

Ултиматумот Баша го упати од протест на жителите на тиранската населба Астир, кои околу три месеци протестираат против изградбата на големата обколница во Тирана, поради што треба да се урнат над 300 домови.

Баша ги повика жителите од оваа населба масовно да се приклучат кон масовниот антивладин протест на опозицијата закажан за 16 февруари.

– Вашиот отпор им го покажа патот на Албанците како да се соочат со неправдата. Доколку ја наведневте главата, вашите домови ќе беа  уништени и скандалот на Владата со овој проект не ќе беше разоткриен. Еди Рама не е премиер на Албанците, туку е премиер на криминалци и крадци. Нивни слуга и партнер. На 16 февруари, вашето место ќе биде таму на плоштадот на протестот. На 16 февруари нема време за зборови, бидејќи се е кажано. Еди Рама има рок до 15 февруари да даде политичко решение за кризата со заминување (од функцијата). На 16 февруари ќе се слуша само вашиот глас и вашата волја, порача Баша.

Тој побара од Рама до 15 февруари „да ја напуши фотелјата од која ги помилува криминалците” и да го отвори патот за политичко решение, преодна влада и предвремени избори.

– На 16 февруари, завршуваат зборовите на политиката и доаѓа време за гласот на граѓаните. Нов ден ќе дојде со вашата издржливост. Овие млади луѓе ќе ја имаат иднината што ја заслужуваат. Сите заедно на 16 февруари пред Владата, порача Баша.

Здружената албанска опозиција за 16 февруари најави одржување антивладин протест за „уривање на криминалната Влада на премиерот Рама”.

Нови вести

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Igor

Лудовик Орбан номиниран за премиер на Романија

Igor

Венецијанската комисија го собори Рама

Igor