Search

Бачев: Македонските попови вечер да фрлат анатема за оние што ги поддржуваат уставните измени

Македонската православна Црква е еден од темелите на државноста и вековен чувар на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување, вели во своето обраќање Јанко Бачев, претседателот на Единствена Македонија.

„Македоснките попови имаат силна национална должност на вечерашните богослужби низ сите цркви во земјата и дијаспората да фрлат анатема до седмо колено до оние кои ги подржуваат уставните измени за бришење на библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја“, смета тој.

Бачев понатаму истакнува дека должност на сите е да ја возобновиме Република Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на традиционалните и духовните вредности, а, како што вели, помирувањето на македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата зедничка инднина.

Претседателот на Единствена Македонија во свое лично име и име на партијата упати честитки до членовите на Синодот на Македонската православна Црква, на преподобното свештенство и монаштво и на сите православни верници по повод големиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божик со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој.

„Преку Христос, божјата љубов кон човештвото, победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја одбраниме светата македонска земја која е окупирана од сатаната која нема никава почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава“, наведува Бачев во својата честитка.

„Водени од оваа верба, силно веруваме дека следниот Божик ќе го дочекаме во слободна Македонија, а нашата должност како Македонци е да ги одбраниме светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, додава претседателот на Единствена Македонија.

Треба да знаете
Последни објави